ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ 19 СЕПТЕМВРИ 2016

Оваа веб страна и вап страна ("сајтовите") се во сопственост и се управувани од страна на Давателот ("ние," "наш" или "нас"). Со користење на сајтовите и услугите (објаснети подолу) Вие се согласувате на прибирање и користење на Вашите податоци од наша страна согласно оваа политика на приватност. Доколку не се согласувате со оваа политика на приватност, тогаш не ги користете услугите кои се обезбедени преку интернет, сајтовите или интернет услугите на Давателот за мобилна забава и кратки текстуални услуги ("услугите"). Оваа политика на приватност се применува за користење на сајтовите и услугите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на сите нови особености кои претставуваат проширување или подобрување на услугите, како што е објавување на нови функции.

Промени на политиката на приватност

Ние го задржуваме правото да ги промениме правилата на оваа политика на приватност. Бидејќи какви било промени ќе бидат објавувани на оваа страна, Ве советуваме истата да ја посетувате редовно. Вашето непрекинато користење на услугите, по секоја извршена промена на оваа политика на приватност, ќе претставува Ваше прифаќање на таквите промени.

Податоци кои ги прибираме

Ние прибираме и обработуваме "лични податоци" (пр. податоци кои можат да се употребат за да Ве контактираме, како што се целосното име и презиме, поштенската адреса, телефонскиот број, електронската пошта, MSIDSN (меѓународниот ISDN мобилен број на корисникот), "финансиски податоци" (пр. бројот на кредитната картичка, податоци за сметката во банка или лозинки) или "демографски и кориснички податоци" (пр. податоци кои Вие ги доставувате или ние ги прибираме, коишто не се ниту лични ниту финансиски податоци, но се неопходни за правилно функционирање и фактурирање на нашите услуги, како што се почетниот и крајниот датумот и степенот на Вашето користење на услугите, видот на пребарувач кој го користите, начини на пребарување низ мрежата и IP адреса) во врска со услугите. Вашите лични податоци, финансиски податоци и/или демографски и кориснички податоци ("лични податоци") може да ги проследиме до Вашиот доставувач на безжични услуги за да обезбедиме наплата на тарифите, и таквите прибрани податоци од страна на Давателот може да се чуваат и обработуваат во земјата во која Давателот или неговите претставници оддржуваат простории. Со користење на услугите, Вие се согласувате на таков пренос на личните податоци надвор од Вашата земја. Личните податоци ќе бидат избришани во рок од шест месеци по завршувањето на Вашата претплата. Давателот може да ги чува личните податоци и после овој рок, доколку тоа се бара според закон или договор.

Како ги користиме Вашите лични податоци

Давателот Ве снабдува со богата палета на интернет и мобилна забава и информативна содржина преку услугите. Ние ќе ги искористиме Вашите лични податоци за исполнување на услугите и за услуги на клиентите. Вашите лични податоци се користат од наша страна за да Ви одговориме на Вашите барања, направиме трансакции за услугите, и преку текстуални пораки да Ви испратиме податоци за придобивките, подобрувањата и промоциите на услугите. Освен ако не нè известите поинаку, ние може да ги искористиме Вашите лични податоци за да Ве контактираме околу програми, производи, функции или услуги за кои сметаме дека Би биле заинтересирани (како што се идни промотивни материјали) или за други цели кои ќе бидат објавени од време на време. Исто така, ние може да ги искористиме Вашите лични податоци за да Ве контактираме во врска со Вашето користење на сајтовите и/или услугите или промените на нашата политика на приватност, општите правила и услови, посебните правила и услови, и други правила кои влијаат на Вас и на Вашата употреба на нашите сајтови и/или услуги. Понатаму, ние може да ги искористиме прибраните податоци за Вас за да ја подобриме содржината и управувањето на нашите сајтови или за други внатрешни цели.

Ние користиме не-лични податоци за внатрешни цели и за да ни помогнат да управуваме со услугите и да комуницираме со посетителите на сајтовите. Исто така, ние може да споделиме не-лични податоци во резимирана форма на трети лица за да прикажеме трендови и начини на однесување. Понатаму, ние може да користиме не-лични податоци за да ја персонализираме и прилагодиме содржината на услугите за Вас и да Ви испратиме одбрани реклами врз основа на пребарувања по клучен збор. Може да ги здружиме личните податоци кои ги прибираме заедно со трети лица или јавно достапни податоци. Кога се пријавувате за услугите или за користењето на други функции на услугите, ние ги прибираме Вашиот мобилен телефонски број и идентитетот на Вашиот мобилен оператор. Трошоци за услугите ќе бидат фактурирани директно од Вашата мобилна телефонска сметка. Со купување на услугите, Вие се согласувате да Ви доставиме Ваш мобилен телефонски број од нашите сервисни оператори и трети лица за кои ние определуваме дека е неопходно да ги обработат Вашите трансакции. Овие трети лица може да ги вклучат операторите кои се користат за обработување на трансакцијата.

Ние може да користиме трети лица испорачители за да ни помогнат да го извршуваме нашиот бизнис, услугите и спроведуваат дејности во наше име, како што е овластување за фактурирање на мобилна телефонска трансакција, и може да ги споделуваме Вашите податоци со овие испорачители за тие ограничени цели.

Доколку Давателот е продаден или се спои со друга компанија или изјави стечај, постои можност еден дел или сите прибрани податоци од Вас да се пренесат на трето лице како резултат на преносот на основни средства или поради стечај. Исто така, ние може да ги обелодениме Вашите податоци кога ќе утврдиме дека е неопходно да се почитуваат применливите закони или да се заштитат интересите или безбедноста на Давателот или корисниците на услугите.

Cookies

За да се подобри Вашето искуство со нашите веб страни можно е да користиме cookies на веб страните. Cookies се алфанумерички идентификатори кои ние ги пренесуваме на Вашиот компјутерски хард диск преку мрежниот пребарувач за да можат нашите системи да го препознаат Вашиот пребарувач и да обезбедат функции. Cookies, самите по себе, не ни ја откриваат Вашата електронска пошта или други лични податоци, освен ако Вие изберете да ги доставите овие податоци до нас преку, на пример пријавување на нашите сајтови. Меѓутоа, штом станете корисник и ги ставите на располагање Вашите лични податоци на сајтот, овие податоци може да бидат поврзани со податоците кои се чуваат во датотеката (cookie).

Ние користиме cookies за да го разбереме користењето на сајтот и да ја усовршиме содржината и понудата на нашите сајтови. На пример, може да користиме cookies за да го усовршиме Вашето искуство на нашите веб или вап страни (пр. да препознаеме кога се враќате на нашиот сајт). Вие може да го прилагодите Вашиот пребарувач да ги одбива cookies од нас или од која било друга веб или вап страна. Ве молиме, упатете се на делот за помош на Вашиот пребарувач за повеќе информации. Меѓутоа, до одредени делови од нашите сајтови може да се пристапи само во корелација со cookies или слични уреди и Вие треба да сте запознаени дека оневозможувањето на cookies или слични уреди може да Ви го попречи пристапот на дел од нашата содржина.

Само за возрасни

Ниту услугите ниту сајтовите се наменети за користење од страна на деца. Ние нема со намера да прибираме никави лични податоци доставени од корисници кои не ја достигнале возраста како што е објаснето во посебните правила.

Линкови

Сајтовите може да содржат линкови до други веб или вап страни. Давателот не ги контролира таквите веб и вап страни и не е одговорен или обврзан за достапноста на истите или за содржината, рекламите, производите или други податоци кои се содржани на таквите сајтови. Давателот нема да превземе одговорност, директна или индиректна, за каква било настаната или претрпена штета или загуба на кој било корисник во врска со тоа. Вашиот пристап и користењето на овие поврзани сајтови, вклучувајќи ја нивната содржина, е исклучиво на Ваш сопствен ризик.

Безбедност

Заштитата на Вашите податоци е важна за нас. Ние ја користиме индустриската стандардна технологија за заштита на Вашите податоци. За жал, за ниту еден пренос на податоци преку интернет и преку мобилните комуникациски мрежи не може да се гарантира дека е 100% безбеден. Како резултат на тоа, додека од една страна се посветуваме да ги заштитиме Вашите податоци, од друга страна не можеме да ја осигураме или гарантираме безбедноста на кои било податоци кои ги пренесувате до или преку нас.

Пристап до Вашите лични податоци

Давателот Ви овозможува да ги прегледате или отстраните личните податоци што сте ги доставиле до нас или да ги промените Вашите повластувања. Може да испратите eлектронска пошта до адресата која може да се најде на сајтовите и/или преку нашите услуги или може да ни се јавите на телефонскиот број, којшто може да го најдете во посебните правила , и да наведете дали сакате Вашите податоци да бидат отстранети од нашата база на податоци, одлучите да не учествувате во комуникацијата со нас или со трети лица застапници на заедничкиот пазар или деловни партнери. Преку бришењето на Вашите податоци или со откажувањето од приемот на комуникација со Давателот или трети лица, ќе се избришат само податоците во нашата база на податоци за целите на управување со идната комуникација со Давателот или третите лица. Овие бришења нема да избришат веќе прибрани податоци кои веќе биле споделени со трети лица, како што е предвидено погоре во политиката на приватност. Вие треба да контактирате трети лица кои може директно Вас да Ве контактираат за да ги избришат Вашите лични податоци кои тие можеби ги користат за да Ве контактираат.

Контакт

Ве молиме контактирајте нè со какви било прашања или коментари поврзани со нашата политика на приватност. Оваа политика на приватност беше ажурирана во септември 2016.