Преземи како PDF

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ, 19 СЕПТЕМВРИ 2016

1. ПРИМЕНЛИВОСТ И ИЗМЕНИ

Овие општи правила и услови и посебните правила и услови (во понатамошниот текст заеднички наведени како ‘општи и посебни правила и услови’), како и авторските права и политиката на приватност се применуваат за сите договори помеѓу нас, како Давател (во понатамошниот текст наведен како ‘Давателот’, ‘ние’, ‘нас’ или ‘нашиот’ – за повеќе информации проверете ги посебните правила и услови за наши детали) и Вас, како Купувач на услугите кои ние ги нудиме. ‘Услуги’ се однесува на понудата на мобилна содржина, т.е. содржина наменета за користење на мобилни телефони (како апликации, позадини, игри, забавни звуци и мелодии) преку сервисот на кратки текстуални пораки (во понатамошниот текст наведени како ‘СМС’), преку (мобилен) интернет, оваа веб страна или вап страна (‘сајтови’) и/или преку кој било друг начин на испорака на мобилна содржина, освен ако поинаку не е договорено во писмена форма.

Општите и посебните правила и услови, како и авторските права и политиката на приватност, исто така се применуваат и за користење на сајтовите.

КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОВИТЕ И/ИЛИ РЕГИСТРИРАЊЕ НА (ЕДНА ОД) УСЛУГИТЕ И/ИЛИ ПРИФАЌАЊЕ НА МОБИЛНАТА СОДРЖИНА И/ИЛИ НА (ЕДНА ОД) УСЛУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРИФАЌАЊЕ НА ОПШТИТЕ И ПОСЕБНИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ, КАКО И НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА И ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ, И СО ТОА ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА ИСТИТЕ СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ И СЕ ОБВРЗУВАТЕ НА НИВ.

За одредена мобилна содржина и услуги може да се применуваат дополнителни правила и услови во прилог на општите и посебни правила и услови, како што се правилата и условите за игри, прописите за спорови и упатства, коишто ќе бидат познати однапред (во понатамошниот текст наведени како ‘дополнителни правила и услови’). РЕГИСТРИРАЊЕ НА (ЕДНА ОД) УСЛУГИТЕ И/ИЛИ ПРИФАЌАЊЕ НА МОБИЛНАТА СОДРЖИНА И/ИЛИ (ЕДНА ОД) УСЛУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРИФАЌАЊЕ НА КОИ БИЛО ПРИМЕНЛИВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ, И СО ТОА ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА ИСТИТЕ СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ И СЕ ОБВРЗУВАТЕ НА НИВ.

Доколку се појави несовпаѓање меѓу општите и посебни правила и услови и дополнителните правила и услови, вторите ќе бидат меродавни.

Давателот го задржува правото во секое време да ги промени или дополни општите и посебни правила и услови. Поради тоа треба редовно да ги проверувате овие сајтови.

2. ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Со помош на услугите Давателот им овозможува на Купувачите пристап до мрежата со мобилна содржина, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на вести или информации, апликации, игри, електронска пошта, чет услуги, забава, хороскоп, ринг тонови, позадини, забавни звуци, мелодии и видео клипови. Услугите може да вклучат и пристап до мобилната содржина и услуги на независни трети лица.

Пристапот до услугите може да Ви се обезбеди со испраќање на мобилна содржина за преземање од категоријата за која сте се регистрирале (пр. со доставување на Ваше барање) или преку директно преземање на мобилната содржина (пр. со испраќање на WAP-push линк или ПИН код за преземање на содржина од сајтови наменети за таа цел или преку нудејќи пристап до мобилната содржина). Тарифи ќе бидат пресметани без оглед на тоа дали фактички Вие преземате мобилна содржина; за разгледувањето на висината на тарифите ќе се земе предвид единствено овозможувањето на правото за преземање, примање и/или пристапување на мобилната содржина.

Општите и посебни правила и услови , авторските права и политиката на приватност и сите дополнителни правила и услови се применуваат и за секое проширување или подобрување на постојните услуги. Давателот може во секое време привремено или трајно да ги промени или прекине услугите (или дел од нив). Вие давате согласност дека Давателот не подлежи на одговорност кон кои било трети лица или кон Вас, како корисник, доколку услугите се променат, прекинат или престанат.

3. ПРИСТАП ДО УСЛУГИТЕ, ДОСТАПНОСТ И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ВОЗРАСТА; ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ

Со цел да бидете во можност да ги користите услугите:
(1) Вие мора да ја имате достигнато возраста која е наведена во посебните правила и услови и/или да имате дозвола од (еден од) Вашите родители или законски застапници.
(2) доколку некој друг го извршува плаќањето на услугите за Вас (овластено лице за плаќање на сметките), Вие мора да поседувате негова/нејзина дозвола за купување и користење на услугите и за вршење исплата за услугите.
(3) доколку е потребно, Вие исто така мора да се согласите во име на (еден од) Вашите родители, законски застапници и/или овластеното лице за плаќање на сметките дека сте обврзани спрема овие општи и посебни правила и услови, авторските права и политиката на приватност и сите дополнителни правила и услови.

Услугата е обезбедена ‘како што е’ и ‘како е достапна’ за време на користењето или потрошувачката.

Со цел да бидете во можност да ги користите услугите:

(1) мора да ја имате неопходната мобилна комуникациска опрема. Одредена мобилна содржина е достапна само за ограничен број на мобилни телефони. Ова е од важност за производителите на мобилни телефони и поради тоа не спаѓа во ризичниот домен на Давателот. Пред да се претплатите на (една од) услугите треба да ја проверите компатибилноста на Вашиот мобилен телефон за овие услуги, како што е прикажано во листата на компатибилни телефони , која е достапна на сајтовите.
(2) мора да се осигурате дека подесувањата, како што се WAP подесувањата на Вашиот мобилен телефон се точни. Пред да се претплатите на (една од) услугите треба да ја проверите компатибилноста на Вашиот мобилен телефон кај Вашиот доставувач на безжични услуги.
(3) мора да имате претплата на мобилна комуникација со учество на доставувач на безжични услуги или поинаков пристап до мобилната комуникациска мрежа преку која Давателот ќе може да ги стави своите услуги на располагање.
(4) мора да имате функционална интернет врска инсталирана на Вашиот мобилен телефон (WAP, GRPS или Wi-Fi). Може да најдете упатства за ова на веб сајтот на Вашиот доставувач на безжични услуги.
(5) мора да ги имате уредите потребни за остварување на интернет врска, вклучувајќи мобилен телефон или персонален компјутер или други неопходни уреди.

ПОСТОИ МОЖНОСТ ДА ПЛАТИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ ЗА ПРИСТАП ДО МОБИЛНАТА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА, ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ИНТЕРНЕТ ВРСКА ИЛИ ЗА КОНФИГУРИРАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ПОДЕСУВАЊА СО ЦЕЛ ДА МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ ОВИЕ УСЛУГИ.

Давателот не сноси никаква одговорност и не нуди никаква гаранција, доколку не сте во можност (во целост) да ги користите услугите и/или мобилната содржина или да не примате СМС пораки од нас или да не ги примате истите навремено, ако ова се должи на фактот дека не ги исполнувате одредбите на овој член 3 или како резултат на бришење од Ваша страна или неможност да се зачува мобилната содржина или СМС пораките кои ги добивате од нас (навремено) или како резултат на фактот дека Вашето СМС поштенско сандаче или меморијата на уредот се полни.

Вие имате одговорност да се погрижите Вашата опрема и/или софтверот да не ја отежнуваат или оневозможуваат работата на услугите на Давателот. Доколку опремата или софтверот предизвикуваат попречување на услугите, во тој случај Давателот го задржува правото веднаш да ги прекине услугите или да го раскине договорот. Ако е потребна промена на Вашата опрема или надградба на софтверот или на услугите, мора да ја направите таа промена на сопствен трошок.

4. НАПЛАТА НА УСЛУГИТЕ 

За да ги купите услугите мора да бидете регистрирани како сопственик на сметка и за користење на услугите мора да платите надоместок во согласност со тековните цени на Давателот преку телефонската сметка на Вашиот доставувач на безжични услуги, доколку имате претплата, или со одбивање на Вашиот телефонски кредит доколку немате претплата.

Вашиот доставувач на безжични услуги може да Ви наплати тарифи за испраќање или примање СМС пораки или мобилна содржина до или од нас, дополнително на тарифите кои ние ги пресметуваме. Ве молиме да го проверите ова со Вашиот доставувач на безжични услуги.

При претплата на нашите услуги, ќе добиете информации за тарифите кон Давателот и за редовноста на испраќање на мобилната содржина.

Сите тарифи, вклучувајќи ги и тарифите за постојните договори на претплата, подлежат на промени по дадено известување од страна на Давателот. 

навремено ќе Ве извести за таквите промени. Доколку не ги прифаќате новодонесените тарифи (кои никогаш нема да бидат наплатени ретроактивно), можете веднаш да го раскинете Вашиот договор со нас.

Во случај на фактурирање од страна на трето лице, ќе се применуваат условите за наплата во согласност со тарифите на тоа трето лице.

Вие му ги плаќате или надоместувате на Давателот сите државни и локални или други даноци (со исклучок на даноците кои произлегуваат од нето заработката на Давателот), вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на ДДВ, данок на имот од закупнина и данок на игри на среќа или какво било друго оданочување наметнато на негово место. Овие даноци се основани на тарифи како резултат на користење на услугите, без разлика дали тие се оданочени сега или во иднина од страна на меѓународни, европски, државни или локални власти или други институции овластени за ставање данок.

5. КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Вие се согласувате да ги користите услугите во согласност со следниов кодекс на однесување:

a. Сите информации доставени до Вас преку услугите ќе ги чувате доверливо и затворено за јавноста и истите нема да ги обелодените без одобрение од Давателот или лицето кое претходно Ви ги доверило тие информации;
b. Не смее да ги користите услугите за впуштање во каква било форма на малтретирање или навредливо однесување, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на објавување на разговори, фотографии или снимки кои содржат клеветнички, неосновани, вулгарни, навредливи или скандалозни изјави, или расистички, порнографски, непристојни или навредливи зборови или слики;
c. Не смее да ги користите услугите за кршење на лични права, правото на сопственост или кои било други права на Давателот или на кое било лице;
d. Не смее да испраќате пораки, фотографии или снимки, или да ги користите услугите на начин преку кој се повредуваат, присвојуваат или кршат правата на Давателот или кое било трето лице, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на кои било авторски права, лични податоци, други лични права или права на сопственост, или на измамнички или незаконски начин преку кој се повредуваат законот и јавниот морал;
e. Не смее да ги користите услугите за промовирање добротворни организации, реклами, стоки или услуги;
f. На кој било начин не смее да објавувате или изнесувате податоци преку Вашите јавно објавени информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на телефонски броеви, поштенски адреси, електронски пошти, веб сајтови или целосни имиња;
g. Не смее да ги умножувате, копирате, продавате или препродавате услугите, ниту во целост ниту делумно;
h. Не смее да ги користите услугите за комерцијални цели;
i. Не смее да ги користите услугите за испраќање ненарачани рекламни електронски пораки, вклучувајќи, но не ограничувајќи се за масовно комерцијално рекламирање или информативни известувања (‘спам’). Исто така, не смее да ги користите услугите за (a) испраќање на прекубројни електронски пораки и/или кои се наменети за малтретирање или вознемирување на други лица, (б) постојано испраќање електронски пораки до Давателот или до некој корисник кој се произјаснил дека не сака да ги добива истите, (в) испраќање електронски пораки со лажна или погрешна главна информација, (г) испраќање злонамерни електронски пораки, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на ‘бомбардирање со електронски пораки’, или (д) испраќање или примање на електронски пораки на начин преку кој се кршат правилата за користење на доставувачот на интернет услугите;

Давателот го задржува правото, по сопствена слобода на решавање, да ја суспендира или прекине Вашата претплата и/или да го прекине Вашиот договор и/или да Ви го забрани постојното или идно користење на услугите или дел од нив, без да Ви се оддолжи со каков било надоместок во тој поглед.

6. ОБВРСКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ

За да се гарантира безбедно користење на услугите, како и на плаќањето на применливите тарифи, Вие гарантирате дека личните податоци доставени во формуларот за регистрација (во понатамошниот текст ‘лични податоци’) се точни и целосни. Доколку Давателот, по сопствена слобода на решавање, смета дека личните податоци се неточни или нецелосни, Давателот има право да ја суспендира или прекине Вашата претплата и/или да го прекине Вашиот договор и/или да Ви го забрани постојното или идното користење на услугите или дел од нив, без да Ви се оддолжи со каков било надомест во тој поглед.

Вие сте одговорни за чување во тајност на кои било лозинки и/или други информации кои Ви се издадени од страна на Давателот и во целост сте одговорни за сите активности извршени со користењето на Вашата лозинка или други информации. Вие се обврзувате да ги завршите Вашите посети на сајтовите на крајот на секоја сесија (со затворање на Вашиот пребарувач) и да го контактирате Давателот доколку забележите или се сомневате во неовластено користење на Вашата лозинка или сметка, или доколку од која било причина безбедноста или заштитата на личните податоци не се повеќе загарантирани. Давателот може да Ви даде пристап до одредени услуги без да се регистрирате како корисник, како што е пријавувањето за услуги преку Вашиот мобилен телефон. Во секој од овие случаи, Вашата идентификација се базира на идентификациониот метод за кои ние сметаме дека е соодветен, како што е бројот на Вашиот мобилен телефон.

7. НАТПРЕВАРИ И ДОСТАПНОСТ ДО НАГРАДИ

Доколку постои можност за освојување на награди како дел од услугите, мора да бидете регистрирани кај Давателот согласно член 6 од овие општи правила и услови за да може да ги добиете освоените награди. Ќе се применуваат правила и услови за игри кои ќе можат да се прочитаат на сајтовите. Доставените информации мора да бидат точни и целосни за да може да ја побарате наградата.

8. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ

Давателот придава голема важност на приватноста на своите корисници. За таа цел, имаме воспоставено посебна политика на приватност која е составен дел од општите и посебни правила и услови како и на дополнителните правила и услови на Давателот. Вие прифаќате дека Давателот смее да прибира и обработува ‘лични податоци’, ‘финансиски податоци’ или ‘демографски или кориснички податоци’ (‘лични податоци’) во врска со услугите. Вашите лични податоци може да ги проследиме до Вашиот доставувач на безжични услуги и/или доставувач на комуникациски услуги за да обезбедиме наплата на тарифите за кои имате долг. Прибраните информации од страна на Давателот може да се чуваат и обработуваат во земјата во која Давателот или неговите претставници поседуваат одредени простории. Со самото користење на услугите, Вие се согласувате на пренос на информациите надвор од Вашата земја. Со користење на услугите на Давателот, Вие се согласувате на оваа политика на приватност , авторските права и на општите и посебни правила и услови. Ако не може да се согласите на овие правила, тогаш не треба да ги користите нашите услуги. Ние го задржуваме правото во кое било време да ги менуваме, дополниме или ограничиме политиката на приватност, авторските права и општите и посебни правила и услови. Освен доколку е поинаку јасно назначено, општите и посебни правила и услови, авторските права и политиката на приватност ќе се применуваат на сите постоечки и нови прилози преку кои постојните услуги ќе се прошират или подобрат. Затоа е препорачливо да ги проверувате овие сајтови редовно.

9. ОБЕШТЕТУВАЊЕ

Вие се согласувате да го обештетите, заштитувате и ослободите од одговорност Давателот и неговите акционерски друштва, членови, подружници, содружници, даватели на услуги, изведувачи, агенти, претставници, даватели на лиценци, раководители, службеници, директори, акционери и вработени, во врска со каквo било барање, тужба, спор или друга постапка покрената од трето лице предизвикана од, како резултат на или во врска со
а) Вашето користење на услугите, мобилната содржина, софтверот и сајтовите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на Вашето преземање од сајтовите и/или мобилната содржина;
б) прекршување на општите и посебни правила и услови; или
в) прекршување на некаков закон, пропис или права на кое било трето лице. Вие ќе ги платите сите трошоци, штети и провизии, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на законски правни трошоци, трошоци на товар на или поинаку направени од страната на Давателот во врска со или како резултат на какво било барање, тужба, спор или друга постапка.

10. КОРИСТЕЊЕ, ЧУВАЊЕ, СЛЕДЕЊЕ И БРИШЕЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Ние го задржуваме правото да ги следиме сите рекламни пораки, текстуални пораки, јавни повици и пораки со цел да се осигураме дека истите се усогласени со правилниците ставени во употреба во кое било време. Иако ние не ја прегледуваме (и не сме во можност) секоја испратена порака од страна на корисниците на услугите и не сме одговорни за содржината на тие пораки, го задржуваме правото, но не сме обврзани да бришеме или отстраниме содржина. Таа содржина може да вклучува, без ограничувајќи се на профили, јавни повици и (текстуални) пораки кои ние, по сопствена слобода на решавање, ги сметаме дека се во спротивност со општите и посебни правила и услови или други применливи правилници, или дека се неприфатливи на друг начин. Вие останувате целосно одговорни за содржината на профилите, јавните повици и (текстуалните) пораки, коишто ги чувате преку услугите или испраќате на корисниците на услугите. Доколку сметате дека одредена рекламна порака, текстуална порака или јавен повик на сајтовите ги повредува Вашите авторски права, Ве молиме прочитајте ги авторските права . Сите текстуални пораки може да бидат проверени и содржината од каков било експлицитен порнографски карактер ќе биде избришана. Корисниците кои се однесуваат недолично ќе бидат отстранети од сајтовите. Давателот има право да ја прекине/откаже претплатата и/или сметките кои не се активни извесно време. Вие се согласувате дека Давателот не превзема одговорност, доколку информациите кои се доставени или испратени преку услугите не се зачувани или се отстранети по грешка.

11. ОТКАЖУВАЊЕ И ПРЕКИНУВАЊЕ – БЕЗ ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ, ПРОБЕН ПЕРИОД ИЛИ РОК НА ПОВЛЕКУВАЊЕ

Право на повлекување, пробен период или рок на повлекување не се применуваат за услугите.

Давателот нуди можност за прекин на услугите. За ова Ве информираме во посебните правила и услови , на веб сајтовите кои се дел од услугите, преку самите услуги и/или преку нашите (СМС) пораки. Бесплатната најавна порака од Давателот (во случај да е испратена) исто така содржи инструкции како да се откажете од услугите. Доколку услугите се овозможени преку СМС, истите може да се откажат во принцип преку испраќање на СМС порака со зборот STOP GA. Оваа порака може да ја испратите до скратениот број (краток код) кој го користите и за пристап до услугите. На пример, со испраќање на пораката STOP GA до краткиот код, прекинувањето ќе настапи веднаш по приемот на барањето за прекинување. За повеќе детали проверети ги посебните правила и услови и/или кликнете на знаменцето на Вашата земја. Исто така може да испратите електронска порака до адресата прикажана на сајтовите и/или преку услугите или преку телефонски повик, кој е наведен во посебните правила и услови . Во тој случај, прекинувањето ќе настапи во рок од 48 часа од приемот на барањето за прекинување. Меѓутоа, можно е наплатата за услугата да се прикаже на сметката на Вашиот доставувач на безжични услуги и за наредниот месец, бидејќи наплаќањето се извршува ретроактивно. Давателот може во секое време по сопствена слобода на решавање и без претходно известување, да го прекине или откаже користењето на услугите и да ги избрише или отстрани личните информации од услугите. Вие се согласувате дека Давателот може веднаш да ги прекине односите со Вас и веднаш да ги уништи или деактивира сите регистрирани податоци во врска со овој однос, како и со листите и содржани датотеки, и/или може да Ви го забрани натамошниот пристап до услугите.

12. ДЕЛОВНИ ЗДЕЛКИ СО ОГЛАСУВАЧИ И/ИЛИ СПОНЗОРИ

Ние може да користиме огласувачи и спонзори со цел да ги намалиме трошоците на нашите услуги за Вас. Како услов за користењето на нашите услуги, Вие се согласувате дека ние смееме да објавуваме огласи или други реклами на нашите сајтови и/или во нашите услуги, и смееме да испраќаме огласи и реклами преку СМС или други средства за комуникација преку нашите услуги. Исто така, се согласувате дека нема да се обидете да ги блокирате таквите огласи и реклами или да ги попречите на каков било начин. НЕКОИ ЗЕМЈИ НЕ НИ ДОЗВОЛУВААТ ДА ИСПРАЌАМЕ РЕКЛАМНИ ПОРАКИ БЕЗ ВАША ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ. ЗАТОА Е МОЖНО ГОРЕНАВЕДЕНОТО ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ВАС. Објавувањето на огласи или реклами на нашите сајтови не претставува каква било поддршка од страна на Давателот на таквата содржина, производ или компанија. Наша цел е да се погрижиме огласите и рекламите да бидат соодветни за нашите корисници. Вие имате право во секое време да побарате од нас да не Ве контактираме (повеќе) преку директниот маркетинг. Давателот нема да биде странка или на каков било начин има одговорност за некакви деловни зделки поврзани со производи или услуги на споменатите трети лица, или за доставената содржина или податоци во врска со производите или услугите на третите лица. Вие се согласувате дека Давателот не е одговорен за штети од кој било вид кои произлегуваат од таквите зделки.

13. ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА И ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

Вие се согласувате дека содржината и софтверот кои се користат во врска со услугите, во понатамошниот текст наведени како Софтверот, содржат доверливи податоци кои се заштитени со важечки и применливи права на интелектуална сопственост. Освен доколку е поинаку јасно назначено, сите права, овластувања и интереси во која било интелектуална сопственост, права на сопственост или други права поврзани со нематеријалната сопственост кои се користат, развиваат, состојат или се опфатени од, или се применуваат во врска со кои било од услугите ("Права на интелектуална сопственост") се во сопственост на Давателот или неговите даватели на лиценци, и Вие се согласувате дека нема да полагате право на интерес или сопственост на таквите права на интелектуална сопственост на Давателот. Вие прифаќате дека не Ви се пренесува никаква сопственост на правата на интелектуална сопственост, и дека не се стекнувате со никакви права, изречни или индиректни, на услугите, освен правата кои Ви се изречно доделени во овие општи и посебни правила. Под "Права на интелектуална сопственост" се подразбираат сите права според законот за патенти, авторските права, трговското тајно право, законот за трговски марки, како и сите други права на сопственост, и сите нивни примени, обнови, дополнувања и повторни воведувања, сега или во иднина со сила и ефект низ целиот свет. Вие прифаќате дека сите марки кои се појавуваат низ Софтверот и сајтовите припаѓаат на Давателот или соодветните сопственици на тие марки, и истите се заштитени од страна на домашни и меѓународни закони за користење на трговски марки и авторски права. Какво било користење на марките кои се појавуваат низ Софтверот и сајтовите без изречна писмена согланост од страна на Давателот или сопственикот на марката, како што е соодветно, е строго забрането. Понатаму, Вие се согласувате дека податоците во огласите на огласувачите и/или спонзорите или податоците кои Ви се доставени преку услугите се предмет на авторски права, трговски марки, заштитни имиња, патенти и други права на сопственост и закони. Вие гарантирате дека нема да менувате, изнајмувате, позајмувате, давате под закуп и заем, продавате, поделувате, создавате или произведувате содржина или производи, кои делумно или целосно произлегуваат од услугите или Софтверот, освен во случај кога Давателот ќе Ви даде изречна писмена согласност за таквите дејствија. Со ова, Давателот Ви дозволува, а Вие прифаќате лична, ограничена, непренослива, неексклузивна, отповиклива и непотпислива лицена и дозвола да го инсталирате Софтверот и да ја преземете содржината, да го употребите работниот код од неговиот Софтвер за користење на услугите на одредени компатибилни мобилни уреди само за Ваша лична и некомерцијална цел. Исто така, прифаќате да го користите Софтверот и сајтовите само во согласност со овие општи и посебни правила, сè додека не копирате, изменувате или сменувате каков било Софтвер, изворни кодови или содржина, умножувате, променувате, пренесувате, поделувате, продавате, препродавате, креирате добиен производ или содржина од нив, го промените на полошо веќе конструираното или склопеното, или на друг начин се обидете да најдете изворен код (не е дозволено трети лица да постапуваат за ова), користите или ги ставите на располагање Софтверот и содржината, освен ако не е изречно одредено во овие општи и посебни правила. Истото важи и под услов да не продавате никакви права поврзани со содржината, Софтверот и правата на интелектуална сопственост, и истите да не ги шифрирате, им издавате подлиценца, оптоварите со безбедосни права или на друг начин пренесете. Вие гарантирате дека нема да ја изменувате содржината, Софтверот и правата на интелектуална сопственост на каков било начин или да користите изменети верзии на Софтверот и правата на интелектуална сопственост, вклучително (но не ограничувајќи се) со цел за добивање неовластен пристап до услугите. Вие гарантирате дека ќе го користите единствено интерфејсот обезбеден од Давателот за пристап на услугите. Давателот со ова Ви дава дозвола да направите само една копија на податоците од опремата која ја користите за добивање пристап до услугите, и Ви дозволува само за лични цели да ја користите и прикажете таа копија на личните податоци, која е направена на таа опрема.

14. ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ / БЕЗ ГАРАНЦИЈА

ДАВАТЕЛОТ, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, РАКОВОДИТЕЛИ, ВРАБОТЕНИ, НАБАВУВАЧИ, ПРЕТСТАВНИЦИ И АГЕНТИ (‘СТРАНИ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ УСЛУГИ’) СЕ ОГРАДУВААТ ОД СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТИ КОИ НАСТАНАЛЕ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, МОБИЛНАТА СОДРЖИНА, СОФТВЕРОТ И САЈТОВИТЕ. ВИЕ ВООЧУВАТЕ И ИЗРЕЧНО ПРИФАЌАТЕ ДЕКА:
a. УСЛУГИТЕ, МОБИЛНАТА СОДРЖИНА, СОФТВЕРОТ И САЈТОВИТЕ СЕ ДАДЕНИ ‘КАКО ШТО СЕ’ И ‘КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ’, БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД. ДО СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН, СТРАНИТЕ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ УСЛУГИ СЕ ОГРАДУВААТ ОД СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ, НЕЗАВИСНО ДАЛИ Е ИЗРЕЧНА, ИНДИРЕКТНА, СПОРЕД ЗАКОН ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН ПОВРЗАНА СО УСЛУГИТЕ, МОБИЛНАТА СОДРЖИНА, СОФТВЕРОТ И САЈТОВИТЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ИНДИРЕКТНИТЕ ГАРАНЦИИ НА ПРАВАТА НА СОПСТВЕНОСТ, ПРОДАЖНОСТ, ПОГОДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА СОПСТВЕНОСТ;
b. СТРАНИТЕ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ УСЛУГИ СЕ ОГРАДУВААТ ОД СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ КОЈА СЕ ОДНЕСУВА НА БЕЗБЕДНОСТА, СИГУРНОСТА, НАВРЕМЕНОСТА И ИЗВРШУВАЊЕТО НА УСЛУГИТЕ, МОБИЛНАТА СОДРЖИНА, СОФТВЕРОТ И НА САЈТОВИТЕ. СТРАНИТЕ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ УСЛУГИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА УСЛУГИТЕ, МОБИЛНАТА СОДРЖИНА, СОФТВЕРОТ И САЈТОВИТЕ ЌЕ ГИ ИСПОЛНАТ ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА ИЛИ ДЕКА УСЛУГИТЕ, СНАБДУВАЊЕТО НА СОДРЖИНАТА, НА СОФТВЕРОТ И НА САЈТОВИТЕ ЌЕ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО И БЕЗ ГРЕШКИ;
c. НИЕДЕН СОВЕТ ИЛИ ИНФОРМАЦИЈА, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ДАДЕНИ УСНО ИЛИ ПИСМЕНО, ДОБИЕНИ ОД НАС ИЛИ ПРЕКУ НАШИТЕ УСЛУГИ, НЕМА ДА ПРЕТСТАВУВААТ ГАРАНЦИЈА КОЈА ТУКА НЕ Е ИЗРЕЧНО ДАДЕНА. ВИЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОТПИРАТЕ НА ТАКВИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ СОВЕТИ; ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПРИФАЌАТЕ ДЕКА ГИ ПРЕЗЕМАТЕ И/ИЛИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ, МОБИЛНАТА СОДРЖИНА, СОФТВЕРОТ И САЈТОВИТЕ НА ВАШЕ ДИСКРЕЦИОНО ПРАВО И НА СОПСТВЕН РИЗИК, И ДЕКА ЕДИНСТВЕНО ВИЕ ЌЕ ПРЕВЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА КАКВИ БИЛО ШТЕТИ НА ВАШИОТ КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ, МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ИЛИ ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПРЕЗЕМАЊЕ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛНАТА СОДРЖИНА, ОВОЈ СОФТВЕР И САЈТОВИТЕ;
d. ВО ОДНОС НА ЧЕТ УСЛУГИТЕ: УСЛУГИТЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ СМС УСЛУГИТЕ СЕ НАМЕНЕТИ ИСКЛУЧИВО ЗА ЗАБАВНИ ЦЕЛИ; СЛИКИ ОД ЛИЦА ПРИКАЖАНИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА, НА ИНТЕРНЕТ И/ИЛИ НА МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ СЕ НАМЕНЕТИ ИСКЛУЧИВО ЗА ИЛУСТРАТИВНИ ЦЕЛИ. ТИЕ НЕ СЕ ЛИЦАТА КОИ ВИСТИНСКИ ВИ ГИ ОВОЗМОЖУВААТ УСЛУГИТЕ.

15. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

ПОД НИКАКВИ ОКОЛНОСТИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НЕБРЕЖНОСТ, СТРАНИТЕ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ УСЛУГИ НЕ ОДГОВАРААТ ЗА ВАС ИЛИ ТРЕТО ЛИЦЕ ЗА КАКВИ БИЛО ШТЕТИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ДИРЕКТНА, ИНДИРЕКТНА, СЛУЧАЈНА, ПОСЕБНА, ПРИМЕРНА, КАЗНЕНА, ДОДАТНА, ПРИЧИНЕТА ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНА ШТЕТА (ВКЛУЧУВАЈЌИ ШТЕТА ПОРАДИ ЗАГУБА НА ДЕЛОВНА ДОБИВКА, ПРЕКИН НА ДЕЛОВНАТА ДЕЈНОСТ, ЗАГУБА НА ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ И СЛИЧНО) КАКО РЕЗУЛТАТ НА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ, ЗЛОУПОТРЕБА НА ИЛИ НЕСПОСОБНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, МОБИЛНАТА СОДРЖИНА И САЈТОВИТЕ, ДУРИ И АКО ОВЛАСТЕНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ДАВАТЕЛОТ БИЛ ИНФОРМИРАН ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ (ВКЛУЧУВАЈЌИ ШТЕТИ КОИ ГИ ПРЕТРПЕЛЕ ТРЕТИ ЛИЦА). НЕКОИ ЗЕМЈИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ДИРЕКТНИ, ДОДАТНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ, ТАКА ШТО ГОРЕНАВЕДЕНОТО ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ МОЖЕ ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ВАС. ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, ЦЕЛОСНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНИТЕ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ УСЛУГИ ЗА СИТЕ ШТЕТИ, ЗАГУБИ И ПРАВНИ БАРАЊА (ДОГОВОРНИ ИЛИ ВРЗ ОСНОВА НА НЕЗАКОНСКО ДЕЈСТВИЕ (ВКЛУЧУВАЈЌИ НЕБРЕЖНОСТ) ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН) НЕМА ДА ЈА НАДМИНЕ СУМАТА ШТО СТЕ ЈА ПЛАТИЛЕ ЗА ПРИЈАВА НА УСЛУГИТЕ, МОБИЛНАТА СОДРЖИНА, СОФТВЕРОТ И САЈТОВИТЕ.

16. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Овие општи и посебни правила ги заменуваат сите претходни договори помеѓу Вас и Давателот. Ако користите дополнителни услуги, материјали или софтвер од трети лица, тогаш можно е за Вас да се применуваат дополнителни општи правила и услови. Националните закони од Вашата земја или земјата во која живеете се применуваат во односот помеѓу Вас и Давателот, без разлика на одредбите на важечкото меѓународно право. Вие и Давателот со ова се одрекувате од кое било право за судење со порота во однос на која било постапка покренета во врска со овие општи и посебни правила. Примената на Конвенцијата на Обединетите Нации за договори за меѓународна продажба на стоките изречно се исклучува. Споровите ќе бидат доставени до крајно и обрзувачко пресудување според правилата на асоцијацијата на арбитража во Вашата земја. Секоја неможност на Давателот да ги користи или да се повикува на одредени права или одредби кои се утврдени со овие општи и посебни правила, не претставува во ниту еден еден случај откажување или одрекување од тие права или одредби. Во случај да се утврди дека некоја одредба од овие општи и посебни правила е неважечка или неспроводлива од страна на надлежниот суд или назначениот арбитер, таквото утврдување нема на никаков начин да влијае на законитоста или применливоста на која било друга одредба тука. Неможноста од наша страна за користење на правата кои ни се одобрени со овие услови, откако ќе настане повреда на правата образложени во овој Договор, нема да претставува откажување од тие права после извршената повреда. Насловите на заглавјата кои се користат во овие општи и посебни правила се вметнати само заради олеснување и во никој случај не го дефинираат, ограничуваат, толкуваат или опишуваат доменот или степенот на заглавјето или во никој случај не влијаат на истото.

Услугите се обезбедни од страна на: проверете ги посебните правила и услови за Вашата земја.